11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Куманово дека поради настанат дефект при сообраќајна незгода и прекин на инсталација на  уред за светлосни сигнали (семафор) на крстосница на ул. „3-та МУБ“ со ул. „Народна револуција“ и крстосница на ул. „3-та МУБ“ со  ул. „Перо Чичо“, одреден временски период уредите за светлосни сигнали ќе бидат надвор од употреба. Надлежните служби преземаат соодветни мерки за побрзо санирање на настанатиот дефект.

Се замолуваат граѓаните да се придржуваат до поставената вертикална и хоризонтална сигнализација на споменатите крстосници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email