Работна средба со претставници од повеќе шаховски федерации во Општина Куманов
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска имаше средба со претставници од Светската шаховска федерација – WFCC (World Federation for Chess Composition), генералниот секретар Mohammad Alkallah и првиот заменик претседател на WFCC, dr.Abdulla Aal Barket, кој е претседател на најголемиот шаховски клуб на светот Fujaira, техничкиот секретар на Шаховскиот сојуз на Србија, Саша Јевтиќ и со потпретседателот на Управниот одбор на Шаховската федерација на Македонија – ШФМ, Агим Шемшију.Во пријателска атмосфера беа разменети искуства од досегашната соработка со познатите интернационални институции, со цел да се креираат нови релации и врски за поддршка и развој на шаховскиот спорт во земјава, кој бележи значајни успеси на домашната и меѓународната сцена.
