11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

,,ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ” – јубилеен концерт на хорот “Света Злата Мегленска”

,,ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ” – јубилеен концерт на хорот “Света Злата Мегленска”

Женскиот камерен хор “Света Злата Мегленска” го одбележа своето 30 годишно успешно егзистирање на македонската сцена и негување на духовната музика, со пригодна културно – уметничка манифестација, вечерва во Соборниот храм “Св. Климент Охридски” – Скопје. На свечениот јубилеј присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во друштво на бројни претставници од повеќе високи државни институции, граѓански здруженија и организации. Пред присутните, со пригодна реч се обратија директорката на Комисијата за односи меѓу верски заедници и религиозни групи – КОВЗ, Оливера Трајковска, музичкиот уметник и композитор Запро Запров, сопругата на поранешниот претседател на Македонија, активистка и хуманистка, Маја Иванова, признатиот хуманист Трифун Костовски и истакнатиот новинар и писател Георги Барбаровски, по што следуваше концертната програма на хорот, со изведба на духовни композиции, под диригентско водство на Летка Димовска – Полизова, основач и раководител на академската група хористки. Манифестацијата е реализирана со поддршка на Град Скопје, Министерството за култура и туризам на РСМ и Националната опера и балет.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
,,Хероите живеат вечно” – комеморативни настани