Се известуваат граѓаните на Општина Куманово, за претстојниот прв третман на терестичка дезинсекција (третирање на возрасна форма на комарци), кој ќе се реализира на 21.05.2026 година, (четврток). Третманот ќе започне на полноќ, од 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови, на следните локации:
– по течение на река Кумановка од Кумановска бања, преку с.Проевце, м.в. Бејтови ниви, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот Октомвриска револуција, на површините околу градскиот парк и ул.Никола Тесла, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, во Диво насеље, по текот на реката во с.Романовце, градски гробишта (едно од најголемите легла на комарци), Зелен рид, по должина на булеварот Трета МУБ и ул.11 Октомври, со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на р.Серава, населбата Перо Чичо и други локации низ градот.
Во процесот на терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот ЦИТРОЛ УЛВ.
Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.