11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Иднината почнува овде” – патронат на ООУ “Кочо Рацин” – Куманово

“Иднината почнува овде” – патронат на ООУ “Кочо Рацин” – Куманово

Во знак на почит и благодарност кон македонскиот поет, револуционер и комунист, Коста Апостолов Солев Рацин, бројни делегации положија свежо цвеќе пред бистата во дворот на училиштето, кое го носи неговото име.

Делегацијата на Општина Куманово ја предводеше градоначалникот Максим Димитриевски, а претседателката Ивана Ѓорѓиевска искажа почит пред спомен – бистата, придружувана од членови на Советот на Општината.

Учениците и наставниците со пригодна манифестација, го одбележаа Денот на училиштето, во присуство на бројни поканети гости од образовните институции, претставници од локалната заедница и родителите.

Со поетски стихови, драмска кореографија, песна и игра, учениците упатија порака до заедницата што расте, преку инспиративни идеи, кои водат до остварување на нивните детски соништа, претставувајќи се во празнична и разиграна атмосфера.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Честитка за верскиот празник Курбан Бајрам