Претставници од ТППЕ – Територијалната противпожарна единица Куманово и од Доброволното противпожарно друштво – ДПД, посетија петдневна обука за справување со пожари на отворен простор и обука за спасување на лица од височина, во покраинската област Тирол, Австрија. Учесниците на практичната едукација стекнаа нови знаења и вештини, кои ќе бидат пренесени на останатите вработени во ТППЕ Куманово. Претставниците на двата тима имаа можност да се запознаат со функционирањето на противпожарниот систем на Австрија и со работните активности на доброволните противпожарни друштва.
Општина Куманово доби донација од 3 противпожарни возила, со кои ќе располагаат пожарникарите на ТППЕ Куманово.






