ПРЕПОРАКИ ОД ЈАВНА ДЕБАТА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И ФОНДАЦИИ ОД ОПШТИНА КУМАНОВО
На 19.05.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на поранешен Комитет (кружна сала), се одржа јавна дебата со претставници на граѓански организации и фондации од Општина Куманово.
Јавната дебата беше организирана на иницијатива на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР. На дебатата се разговараше за прашања и теми од интерес за заедницата, како и за можностите за соработка со граѓанските организации.
Препораки од страна на граѓански организации по области:
I1. Млади, образование и култура
- Формирање младински центар во централното градско подрачје како простор за младински активности, неформално образование, волонтерство и културни содржини.
- Обезбедување долгорочни едукативни програми и активности за млади.
- Организирање културни манифестации, кино-проекции и настани креирани од млади за млади.
- Развивање практични вештини кај младите преку обуки, работилници и едукативни програми.
- Поттикнување на волонтерството и препознавање на волонтерската практика како предност при вработување.
- Организирање кино-проекции и културни настани на отворено.
2.Инфраструктура и урбан развој
- Подобрување на локалната инфраструктура преку реконструкција на улиците, уредување зеленило и детски катчиња.
- Подобрување на уличното осветлување и зголемено присуство на реонски полицаец.
- Воведување паркинг-зони и ослободување на тротоарите од непрописно паркирани возила.
- Изградба на велосипедски патеки, пешачки зони и унапредување на урбаната мобилност.
- Подобрување на условите за живот во ромските населби преку асфалтирање улици, решавање на проблемот со отпадот и подобрување на уличното осветлување
3.Животна средина и комунални прашања
- Редовно собирање отпад и чистење на диви депонии.
- Подигање на еколошката свест преку едукативни кампањи и активности.
- Поголема контрола кај рамското населеиие за ушравување со отпад ( решно корито)
- Поставување канти за отпадоци и рециклирање во јавните простори и училиштата.
- Формирање комунална полиција и еко-патроли за подобра контрола и заштита на животната средина.
- Засилени инспекциски контроли и санкции за загадување и несовесно однесување.
4.Подобра грижа и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња
- Изработка на долгорочна општинска стратегија за хуман третман и контрола на популацијата на бездомни кучиња.
- Зголемена соработка помеѓу локалната самоуправа, јавните претпријатија, ветеринарните служби и граѓанските организации.
- Јавни приватни партнерства или формирање и поддршка на прифатилишта со соодветни услови за грижа, третман и ресоцијализација на животните.
- Воспоставување база на податоци и евиденција за бездомните и регистрираните домашни кучиња.
- Поттикнување на одговорно сопствеништво преку едукативни кампањи за регистрација, вакцинација и грижа за домашните миленици.
- Засилени инспекциски контроли и санкции за неодговорно сопствеништво, напуштање животни и нерегистрирани миленици.
- Обезбедување побезбедни јавни површини преку редовен мониторинг на критичните локации со зголемено присуство на бездомни кучиња.
- Вклучување на образовни институции и локалната заедница во активности за подигање на свеста за хуман однос кон животните и безбедно однесување.
- Социјална заштита и инклузија
- Воспоставување сервис за помош и нега на стари, осамени и ранливи лица во домашни услови.
- Формирање центри за привремена грижа за деца и лица со попреченост.
- Воспоставување евиденција на сиромашни семејства и ранливи категории граѓани.
- Подобрување на пристапноста преку спуштени тротоари, звучна сигнализација и обележани паркинг-места за лица со попреченост.
- Обезбедување приспособен јавен превоз за лица со попреченост.
- Обезбедување приоритетен пристап до општинските услуги за лицата со попреченост.
- Поттикнување на вработувањето и обезбедување поддржано домување за лица со попреченост.
- Ментално здравје и заштита од насилство
- Развивање програми за поддршка на менталното здравје и бесплатно советување за млади лица во криза.
- Организирање активности за подигање на свеста за важноста на менталното здравје.
- Отворање шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно и родово-базирано насилство.
- Зајакнување на институционалната поддршка и превентивните механизми за заштита од насилство.
- Родова еднаквост и меѓуетничка соработка
- Поголемо вклучување на жените во локалните заедници и процесите на одлучување.
- Организирање активности за подобрување на меѓуетничката комуникација и соработка.
8.Граѓански организации и локално управување
- Подобрување на соработката и координацијата помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во делот на заедничко аплицирање на поголеми проекти од јавен интерес.
- Формирање координативно тело и ажурирана база на податоци за активните организации.
- Обезбедување јавен простор за функционирање и активности на граѓанските организации.
9.Туризам и локален развој
- Поголема поддршка за локалниот туризам, туристичка понуда и програма и учество на регионални саеми за нејзина промоција.
- Поголеми инвестиции во дел на сместувачки капациети.
- Рурален развој и селски домаќинства за промоција на рурален туризам.
- Здравство и превенција
- Организирање едукативни активности за рано откривање канцерогени заболувања.
- Економија
- Отворање занаетчиски центри или работилници како заеднички простори за работа, обука и промоција.
- Поттикнување на младите за изучување традиционални и современи занаети.
- Организирање саеми, изложби и промотивни настани за локални занаетчии и нивните производи.
- Поддршка за дигитализација и пласман на занаетчиски производи на пошироки пазари.
- Да се иницира системски решенија и субвенции на централно ниво со можност да се имплементираат и на локално.
- Субвенции при отварање на бизнис компнаии и поголема активност и транспарентност од Локално Економскосоцијален Совет Куманово.