11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Прием на претставници од фолклорните ансамбли – учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

Прием на претставници од фолклорните ансамбли – учесници на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска во просториите на Општината оствари прием со претставници на фолклорните ансамбли кои учествуваат на седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово, во организација на КУД “Панче Пешев”.

Посакувајќи им срдечно добредојде, успешни настапи и пријатен престој во Куманово, градоначалникот истакна дека фестивалот претставува значајна културна манифестација која преку фолклорот, музиката и традицијата ги поврзува народите, придонесувајќи за развојот на меѓународната културна соработка и промоцијата на универзалните вредности на културното наследство.

Претставниците на ансамблите изразија благодарност за гостопримството и топлиот прием, нагласувајќи дека учеството на фестивалот претставува можност за размена на искуства, зближување на различни култури и воспоставување нови пријателства.

Во знак на меѓусебно почитување и соработка, на приемот беа разменети пригодни подароци и сувенири.

На годинешното издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово настапуваат ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија. Фестивалот, кој се одржува од 16 до 19 јули, има за цел да го афирмира богатството на светскиот фолклор, да ја негува традицијата и да ги зајакнува врските меѓу народите преку играта, песната и културната размена.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања на Отсек за превенција