
Публиката на градскиот плоштад имаше можност да присуствува на концерт посветен на албанската современа песна, во организација на Здружението “Етникум” – Куманово, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово, Општината и Министерството за култура и туризам на РСМ.
На сцената настапија музички интерпретатори од Македонија, Албанија и Косово: DJ Miss Rose, Le 1 Kafexhiu, BB Poqi, Erina Seitllari, Filonid Aliu, Shpend Latifi, кои се претставија со rock и heavy metal нумери. Овогодинешната меѓународна манифестација “Еpikum – ride & roll” ги обедини мотоциклистите од соседните земји, кои традиционално се љубители на добра рок забава.