Во рамки на манифестацијата “Кумановско културно лето 2026”, вечерва на градскиот плоштад, се одржа “Тумбсток”, концерт посветен на младата популација. Музичкиот настан е во организација на Центарот за рурален развој “Бујрум”, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.
На 6 издание на фестивалот настапија македонски музички артисти, а можност за промоција имаа и локалните музичари, кои придонесоа за збогатување на културната и музичка понуда, во градот и регионот: David Black, Luce, Dimsa Double G Mafia, Kriss, Zaff, TZ, Ziro, Togzi, Batec, G Dina Ducevska, Edno dete, Dame, Yungkilla и CV.
Разновидната содржина беше подготвена со цел да ги обедини љубителите на музиката од сите генерации, во една динамична вечер, со акцент на современата урбана сцена.
Центарот за рурален развој „Бујрум“ е организација посветена на поддршка на локалниот развој, младинските иницијативи, културата и создавање на услови и можности за активно учество на граѓаните во заедницата.