11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Пригодно одбележан јубилејот 35 години независна Македонија

Пригодно одбележан јубилејот 35 години независна Македонија

Пригодно одбележан јубилејот 35 години независна Македонија На градскиот плоштад во Куманово, денеска со пригоден културно – уметнички настан беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на РС Македонија, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општината. Во знак на почит и благодарност кон жртвите кои паднаа пред олтарот на слободата, пред споменикот Жена борец, свежо цвеќе положија бројни делегации: градоначалникот Максим Димитриевски ја предводеше делегацијата од Општина Куманово, пред споменикот се поклонија и претседателката Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот на Општината, претставници од Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија – Општински одбор Куманово, ЗАПВАРС, Армија на РСМ, СВР – Куманово, претставници од Собранието и Владата на РСМ, делегации од општинските и основни и средни училишта, јавни претпријатија и установи, институции, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии и др. Пред присутните, со празничен говор се обрати градоначалникот Димитриевски, по што следуваа пригодни содржини посветени на 35 годишниот јубилеј од независноста на Македонија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email