Во кумановската спортска сала, вечерва се одигра натпреварот во Суперкуп на Македонија “Драган Василевски – Цевка”, меѓу кошаркарските екипи на МКК “Куманово” и КК “МЗТ Скопје Аеродром”.Националната химна ја интерпретираше познатиот кумановски пејач, Мартинијан Кириловски, со поддршка на неколку илјадната публика, во кумановскиот спортски храм.
Во знак на јубилејот 80 години кошарка во Куманово и почит кон сите спортски работници, кои придонесоа во афирмацијата на овој спорт низ годините, испишувајќи ја славната историја, со голем број освоени признанија и награди, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателот на МКК “Куманово”, Ненад Стојановски, доделија 35 благодарници, (меѓу кои имаше и постхумно врачени благодарници, на членовите од семејствата):Нини Лалевски, Кире Доцевски, Раде Митевски, Виктор Божиновски, Ненад Стојановски, Миле Трајковски, Драган Поповски, Славиша Станојевиќ, Дарко Петковски, Миле Петковски, Душко Ивановски, Тони Просениќ, Зоран Петрушевски, Зоки Саздов, Бранко Спасовски, Страшко Тодоровиќ, Зоран Темелковски, Владимир Боцевски, Тони Симоновски, Бане Јовановски, Сашо Дејановиќ, Сашо Петрушевски, Навивачка група Кумани, Горан Димитриевиќ, Игор Михајловски, Виктор Крстевски, Милан Сотировски, Предраг Драшковиќ, Светислав Антиќ, Раде Ѓорѓиевски, Стерули Андоновски, Зоран Дамјановски, Максим Димитриевски и на навивачката група “Кумани”, препознатлива по своите настапи, транспаренти и навивачка кореографија, чии членови верно ги бодрат кумановските спортисти, ширум спортските арени низ земјава.Престижниот трофеј и медалите на Суперкупот на Македонија, припаднаа на гостинскиот кошаркарски тим, КК “МЗТ Скопје Аеродром”, кој победи со резултат 70:68.На настанот присуствуваа високи државни функционери и претставници од општинската администрација.