11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости• Соопштенија

Прием и примопредавање на донацијата од Асоцијацијата Алзас Македонија – Франција

Прием и примопредавање на донацијата од Асоцијацијата Алзас Македонија – Франција

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, во присуство на претставници од општинската администрација, денеска ги прими претставниците од Association Alsace Macedoine – Франција, во знак на благодарност за донациите, коишто се спроведуваат во етапи.
Донацијата (прозорци и врати) наменета за реновирање на подрачното ООУ “Толи Зордумис” – с.Режановце е реализирана, во дел од проектните активности.
Денеска во ЈЗУ Општа болница – Куманово пристигна хуманитарната пратка, опрема за неопходните потреби на оваа установа (повеќенаменски електрични кревети и други дополнителни помагала), каде беше организиран прием за француската делегација, од страна на директорот и медицинскиот персонал.
Претстојот во Куманово беше искористен за посета на реновираното училиште во с.Режановце, обиколка на музејот и локалната црква.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email