Денеска во кружната сала на поранешен Комитет, во Куманово, беше презентирана програмата за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) – “Go Digital in the Western Balkans”, имплементирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во соработка со Европската Унија (ЕУ).
Пред присутните предавачи, локални консултанти, претставници од општинската администрација и бизнис заедницата, се обрати локалниот координатор на програмата на проектниот консултант.
Настанот е одлична можност за МСП од територијата на Куманово, за детално запознавање со можностите за финасирање, грантовите и бесплатната техничка поддршка, која ја обезбедуваат ЕБОР и ЕУ.
Програмата ги поддржува МСП во нивните инвестиции за дигитализација и дигитална трансформација и усогласување на стандардите на ЕУ, со цел да ја унапредуваат продуктивноста, квалитетот и пазарниот потенцијал.
Презентацијата ја организираше Европската банка за обнова и развој, во соработка со Општина Куманово.