Седницата ќе се одржи на 29 октомври 2026 година (четврток), со почеток во 10 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со следен
Дневен ред
1.Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Херцег Нови – Република Црна Гора;
2.Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Источно Сараево – Република Српска, Босна и Херцеговина;
3.Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Град Караганда – Република Казахстан;
4.Предлог – Одлука за збратимување на Општина Куманово – Република Северна Македонија со Општина Чајетина – Република Србија;
5.Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за давање на трајно користење на градежна машина „Caterpillar“ на Општина Куманово;
6.Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;
7.Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2026/2027 година;
8.Програма на Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените на Општина Куманово за 2027/29 година, со акциски план;
9.Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2026 година;
10.Предлог – Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
11.Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2026 година;
12.Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
13.Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово;
14.Предлог – Одлука за давање согласност на Дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2026 година;
15.Предлог – Одлука за поништување на Jавен повик бр. 03/26 – делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
16..Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик бр. 03/26 – второ делумно повторување на дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
17.Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Управниот одбор на ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово;
18.Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Браќа Рибар” – с. Табановце;
19.Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор на ООУ „Јероним Де Рада” – с. Черкези;
20.Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Одборот за контрола на материјално-финансиско работење на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски” – Куманово.