Цивил и општина Куманово потпишаа меморандум за соработка
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски потпиша меморандум за соработка и партнерство со Центар за слобода, организација за човекови права, мир и контрола на оружје – ЦИВИЛ. На настанот ЦИВИЛ го презентираше проектот „Заедниците против насилниот екстремизам „, чија цел е да се придонесе кон јакнење на отпорноста на локалните заедници, против насилниот екстремизам, преку формирање на работни групи во заедниците,граѓанска едукација и јакнење на јавната свест. На оваа тема обраќање имаше и градоначалникот Максим Димитреиевски кои истакна дека оваа тема треба да се актуелизира, бидејќи таа потекнува од нас и решението треба да го бараме преку комуникација и почитување на законот кој го спроведуваат надлежните институции, посебно во општина Куманово која важи за мултиетничка средина.