Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

За нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 15:00 до 18:00 часот: Пријавете на 192 во СВР Куманово.

За нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 23:00 часот до 06:00 часот: Пријавете на 192 во СВР Куманово.

За бучава над дозволени граници од угостителски објекти или индустирски објекти во останатиот период од денот: Пријавете на 031 414 375 во Инспекциските служби при Општина Куманово во период од 8:00 до 15:00 часот, секој работен ден или на емаил: inspekcija@kumanovo.gov.mk

Дел од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир
Член 8
Кој го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со механички извори на врева (мотор и слично), во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 6,00 часот наутро, полицијата ќе го спречи и ќе му се изрече глоба во износ од 50 до 100 евра во денарска противвредност. За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе му се изрече глоба на правното лице од 50 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микротрговци, од 50 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци, од 250 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 250 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице од 50 до 500 евра во денарска противвредност. Владата на Република Северна Македонија ќе донесе подзаконски пропис со кој ќе утврди во кој случај и под кои услови се смета дека е нарушен мирот од ставот 1 на овој член.
Дел од Закон за заштита од бучава во животната средина
Бучава во животната средина предизвикана од патен, железнички, воздушен и воден сообраќај

Член 38
(1) Како посебен извор на бучава во животната средина особено се сметаат:
– патниот сообраќај, односно моторни возила кои имаат најмалку четири тркала и максималната брзина која надминува 25 километри на час,
– железничкиот сообраќај, односно железнички систем, железнички превоз и железничка инфраструктура,
– сообраќај, односно авиони со максимална маса на полетување од 34.000 кг или повеќе со максимален внатрешен сместувачки капацитет од над 19 патнички седишта, исклучувајќи ги седиштата за екипажот и
– водниот сообраќај, односно пловни објекти во внатрешните води.
(2) Поблиските видови на посебни извори на бучава од ставoт (1) на овој член, како и условите за заштита од бучавата предизвикана од патен, железнички, воздушен и водни сообраќај, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на транспортот и врските, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи.

Бучава во животната средина предизвикана од постројки, опрема, инсталации и уреди кои се употребуваат на отворен простор

Член 39
(1) Како посебни извори на бучава во животната средина особено се сметаат:
– постројки, опрема, инсталации и уреди кои се употребуваат на отворен простор во кои особено спаѓаат:
1) машински уреди, апарати и/или средства што се самодвижечки или можат да се придвижат со погонскиот елемент и
2) непогонска опрема за индустриска примена.
(2) Поблиските видови на посебни извори на бучава од ставот (1) на овој член, како и условите кои треба да ги исполнуваат постројките, опремата, инсталациите и уредите кои се употребуваат на отворен простор во поглед на емитираната бучава и стандардите за заштита од бучава, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на економијата, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и социјалата и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството.

Бучава во животната средина предизвикана од уреди, средства и апарати за користење во домаќинство

Член 40
(1) Како посебни извори на бучава во животната средина особено се сметаат и уредите, средствата и апаратите кои се употребуваат во домаќинството во кои спаѓаат машини, делови од машини или инсталации произведени, главно, за користење во станови, вклучувајќи подруми, гаражи и други помошни објекти, како и апарати за домаќинството кои служат за одржување, чистење, подготвување и чување на храна, производство и дистрибуција на разладување и топлина, климатизација и други апарати кои се користат за непрофесионални цели.
(2) Поблиските видови на посебни извори на бучава од ставот (1) на овој член, како и условите кои треба да ги исполнуваат уредите, средствата и апаратите за домаќинство во поглед на стандардите за заштита од бучавата, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на економијата, министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и социјалата и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството.

Бучава во животната средина предизвикана од соседство

Член 41
(1) Како посебен извор на бучава во животната средина се сметаат активностите на соседите, вклучувајќи ги и градежните активности во соседството, како и активностите, уредите, средствата и апаратите кои се спроведуваат, односно употребуваат во соседството за професионални цели.
(2) Поблиските видови на посебни извори на бучава од ставот (1) на овој член, условите за заштита од бучавата предизвикана од посебните извори од ставот (1) на овој член, ги пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на транспортот и врските и министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството.
(3) Градежни активности во станбени згради можат да се вршат само во текот на денот.
(4) Извршителот на градежните активности е должен работите да ги извршува во најкраток можен период и на начин кој предизвикува најмала можна бучава. Извршителот на градежни активности е должен да обезбеди во текот на денот најмалку два часа за одмор, чие време го уредува во договор со куќниот совет на станбената зграда.
(5) По исклучок од ставот (3) на овој член извршителот на градежните активности во случај на опасност или да спречи некоја друга опасност може градежните активности да ги врши и подолго за што задолжително го информира куќниот совет.
(6) Куќниот совет е должен да му овозможи на извршителот 10 работни часа во текот на денот во кои ќе се извршуваат градежните активности.
(7) Во станбените згради каде што не постои куќен совет извршувањето на градежните активности се уредува со меѓусебен договор со станарите, при што соодветно се применуваат одредбите од овој член.

Бучава во животната средина предизвикана од друга самостојна звучна опрема

Член 42
Бучава предизвикана од други самостојни звучни извори во зависност од временскиот период и местоположбата на изворот треба да биде во рамките на граничните вредности на ниво на бучава, утврдени согласно со прописот од членот 9 став (4) на овој закон.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст