Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

 

 

Сектор за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, информирање,односи со јавноста и информатичка технологија


Раководител:
e-mail: 

Помошник Раководител: Фатос Аќифи
e-mail: [email protected]
тел.075/323-572

Секторот за поддршка на Градоначалникот и Советот на Општината, односи со јавноста и информирање ја обединува, координира, контролира, следи и ја унапредува меѓусебната соработка на одделението з аподдршка на Градоначалникот, одделението за поддршка на советот, одделението за односи со јавноста и информирање и одделението за ИТ, кои се во негов состав.


– Одделение за поддршка на Градоначалник

Одделението за поддршка на Градоначалникот ги врши работите што се однесуваат на: организирање прослави по повод празници, протокол,  меѓуопштинска соработка, административна поддршка, писмена кореспонденција, контакти со месни заедници, телефонски контакти, документација и архива, архивирање на актите на Градоначалникот, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот

– Одделение за поддршка на Совет на Општина

Одделението за поддршка на советот на општината ги врши работите што се однесуваат на: подготвување на нормативните акти (одлуки и други општи и поединечни акти) од надлежност на советот и градоначалникот, составување, подготовка за објавување и објавување на актите од Советот и Градоначалникот,  дава мислење на прописи од аспект на нивната законитост, ги следи прописите и нивните измени и дополнувања, врши стручни   и организациски работи за седниците на советот на Општината, неговите тела и градоначалникот,  врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за информирање и односи со јавноста

Одделението за информирање и односи, ги врши работите што се однесуваат на: информирање на граѓаните за работата на органите на Општината, функциите и надлежностите на Општината и јавните служби основани од Општината, дава потребни информации на граѓаните за остварување на нивните права пред органите и службите на Општината, пред подрачните државни органи и служби, организира и подготвува маркетинг-план за содржините од својата надлежност, остварува контакти со невладините организации и здруженија на граѓаните, организира саеми, манифестации и промоции, изготвува информации, белешки и соопштенија што се во надлежност на Општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за информатичка технологија

Оддеелението за информатичка технологија врши работи мрежно поврзување на сектори и одделенија, одржувањена постоечќата информатичка структура и компјутерски системи, администрирање и ажурирање на веб страната на општината и импламентација и употреба на нови информатички модули,

администрирање на софтверот и грижа за одржување и развој на информатичката технологија за потребите на општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


 Сектор за правни работи , имотни правни и општи работи


 Раководител:Сунај Мустафа
тел.072/252-957

e-mail: sunaj.mustafa@kumanovo.gov.mk

Секторот за правни работи, имотно правни и општи работи ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за правниработи, имотно правни и општи работи, кои се во негов состав.


Одделенија:

Одделение за правни работи и имотно правни работи

Одделението за правни работи и имотно правни работи ги врши работите што се однесуваат на: застапување на општината пред судовите и државните органи во Република Македонија, се грижи за општинскиот недвижен имот, негово администрирање со инвестиционо и тековно одржување, спроведување на постапка за концесии и јавно приватно партнерство, промовирање на интересите на општината за концесии и јавно приватно партнерство, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за општи работи

Одделението за општи работи ги врши работите што се однесуваат на: следење и применување на законите, прописите и општите акти за канцелариското и архивското работење, прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите на месните заедници , подготовки за цивилна и противпожарна заштита, работи за возниот парк, достава на акти и  други помошно-технички работи, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за финансиски прашања


Раководител: Ирена Илиевска
тел.070/334-160

e-mail: [email protected]

Секторот за финасиски прашања ги обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за буџетска координација, оддлението за буџетска контрола, одделението за сметководство и плаќања и одделението за јавни набавки, кои се во негов состав:


Одделенија:

Одделение за буџетска координација

Одделението за Буџетска координација ги врши работите што се однесуваат на координирање на процесот на подготвување, изготвување, изменување и дополнување на буџетот и на (годишни, квартални и месечни)буџетски и стратешки планови на општината и општинските буџетски корисници. Координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола.Давање предлози за воспоставување/укинување на ех ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси во областа на финансиското управување и контрола. Задолжително давање на мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финасиски импликации за буџетот на општината. Изготвување план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологијата за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот. Следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење. Давање на мислење по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на други субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на општината. Подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори. Подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола. Вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола. Подготовка на Годишниот финансиски извештај и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за буџетска контрола

Одделението за Буџетска коонтрола ги врши работите што се однесуваат на контролирање на извршувањето на буџетот. Контролирање на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување (надзор над целокупниот процес за финасиското управување и контрола). Контрола на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведува еx ante и ex post финасиска контрола – вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози , приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки). Контрола на изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот. Контрола на следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандартди, упатства) од областа на финасиското управување и контрола. Контрола на раположивоста на планираните стредства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските, контрола на плати во општина и општински буџетски корисници и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за сметководство и плаќања

Одделението за сметководство и плаќања ги врши работите што се однесуваат на спроведување сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финасискиот план и подготвувањетона годишна сметка и годишен извештај (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи). Сметководствено евидентирање на основните средства на општината, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночно сметководство. Буџетското и финасиското известување. Заштитата за средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба. Изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски извештаи за буџетот на општината и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи. Ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за смнетководствените процеси. Следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансикото работење. Секојдневно водење на благајнички работи.  Пресметка и исплата на платите на вработените во општина и општински буџетски корисници. Врши усогласување на состојбите во даночната евиденција, сметководство и евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата за даноците, придонесите и таксите и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Одделение за јавни набавки


Раководител на одделение: Дарко Станојковски
тел.075/207-126

e-mail: [email protected]

Одделението за јавни набавки ги врши работите што се однесуваат на следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки. Подготовка на интерни акти/процедури за јавни набавки. Координирање на потребите за јавни набавки во субјектот и подготовка на годишен план за јавни набавки. Следење на извршувањето на годишен план за јавни набавки.

Подготовка за решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки. Подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска додкументација. Водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови. Изготвување договори за јавните набавки. Координирање, изготвување и следење на реализацијата на порачките согласно склучените договори за јавните набавки и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за даноци и такси


Овластен Раководител: Фросина Краљевска

e-mail: [email protected]

Секторот за даноци и такси ги обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок и Одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци:


Одделенија:

–Одделение за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок

Одделението за утврдување и наплата на данок на промет на наследство и подарок ги врши работите што се однесуваат на: следење и применување на прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет, наследство и подарок, изготвува список со капацитети на даноци и такси, врши администрирање на приходите на Општината, утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок кои се приход на Општина Куманово, регистрирање во уписник на даночните пријави за данок на промет, наследство и подарок, изготвување налози за пресметка на основица за данок на промет, изготвување на решенија за наплата на данокот на промет, изготвување решенија по поднесени жалби, доставување поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ, контрола на донесените решенија, врши присилна наплата на даночен долг, парична казна и камата, попис и проценка следење и примена на законските прописи. врши други работи што ќе му се доверат согласно законите и другите прописи и работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот..

–Одделение за утврдување и наплата на данок на имот,наплата на даноци,такси и други надоместоци

Одделението за утврдување и наплата на данок на имот, наплата на даноци, такси и други надоместоци ги врши работите што се однесуваат на: утврдување и наплата на таксите и други надоместоците кои се приходи на Општина Куманово, водење регистар за комуналлни такси и други надоместоци и други регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните такси и други такси, водење на жалбената постапка на комунални такси, ажурирање на базата на податоци за присилна наплата на, такси и други надоместоци, регистрирање во уписник на даночните пријави за данок на имот, изготвување налози за пресметка на основица за данок на имот, изготвување на решение за наплата на данокот на имот, изготвување решение по поднесени жалби, доставување на поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ, контролирање на донесено решение, ажурирање на базата на податоци за присилна наплата, следење и примена на законските прописи, врши други работи што ќе му се доверат согласно законите и другите прописи и работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за урбанизам


Раководител: Емилија Сларидис Јаневска
тел.075/209-624

e-mail: [email protected]

Помошник Раководител: Горан Стојковски
email:[email protected]

Секторот за урбанизам ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за планирање и донесување на урбанистичка документација, Одделението за спроведувње на урбанистичка документација и Одделението за управување и документирање на градежно земјиште:


Одделенија:

Одделението за планирање и донесување на урбанистичка документација

Одделението за планирање и донесување на урбанистичка документација  ги врши следните работи: урбанистичко планирање; учествува и ја спроведува постапката за изработка, донесување, изменување и дополнување на Генерален урбанистички план, деталени урбанистички планови, урбанистичка документација на населено место (село),урбанистички планови за вон населено место, локална урбанистичка документација,  општ акт за условите за градба на објекти во населено место, урбанистички проекти и друга урбанистичка документација утврдена со Законот за просторно и урбанистичко планирање; покренува иницијативи за изработка, дополнување и изменување на урбанистичките планови и урбанистичко планска документација; ја следи реализацијата на урбанистичките планови и урбанистичко планска документација; изготвува анализи и извештаи за степенот на реалазација на урбанистичките планови и урабнистичко планска документација; изготвува програми и извештаи за урбанистичко планирање, врши проучување и применување на законите, прописите и другите општи акти од областа на урбанизмот и градежништвото, издава насоки при изработка на архитектонски проекти, издава согласност на архитектонски проекти, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за спроведување на урбанистичка документација

Одделението за спроведување на урбанистичка документација ги врши следните работи: спроведување на урбанистички планови и друга урбанистичка документација, издава одобренија за градење на објекти од втора категорија на градба, утврдени согласно законот за градење, врши предбележување на градба како и запишување на промена во катастар на недвижности, спроведува пстапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за управување и документирање на градежно земјиште

Одделението за управување и документирање на градежно земјиште ги врши следните работи: ја реализира програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово, изготвува предлог договори за давање на градежно земјиште под долготраен  и краткотраен закуп, спроведува постапка за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на РМ по пат на јавно надавање, спроведува постапка за отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба и сите останати постапки согласно Законот за градежно земјиште, спроведува постапки за отуѓување и давање на недвижности сопственост на општината и јавните претпријатија по пат на електронско јавно надавање согласно Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост си со стварите во општинска сопственост, изготвува програми и извештаи за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово, врши и  други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Сектор за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата


Раководител: Лидија Ланг Спасовска
тел.072/272-360
email:[email protected]

Помошник Раководител: Moмчило Јовановски
email:[email protected]

 

Секторот за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата ги обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделение за комунални работи и инфрастуктура и сообраќај и Одделението за заштита на животната средина и заштита на природата,

Одделение за комунални работи, инфрастуктура и сообраќај

Одделение за комунални работи, инфраструктура и сообраќај ги врши работите што се однесуваат на: следење на  законските и подзаконските акти од областа на комунални работи, изградба и одржување на комуналната инфраструктура и истите ги применува, работи во врска со организирање, изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици, вршење на работите сврзани со јавното осветлување во градот и  населените места на подрачјето на Општината, следење на состојбите за уредување и одржување на јавното зеленило, вршење  и други работи што со посебни закони за комунални дејности се дадени во надлежност на Општината, изготвува програми и извештаи и ја следи проблематиката од областа на комунални работи, сообраќај, изградба и одржување на комуналната инфраструктура, уредување, грижа за изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација, изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање, ги анализира состојбите и дава иницијативи за нивно разрешување од областа на комуналната инфраструктура, уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз,издавање на лиценци за такси превоз на територијата на Општината, следење на состојбите на другата комунална опрема  поставена на улиците и другите јавни површини,именување и нумерирање на улици,  регулирање на режимот на сообраќај; изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација; врши следење на реализација на годишните програми на јавните претпријатија во Општинта, врши видео мониторинг со дрон на територија на Општината, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за заштита на животната средина и природата

Одделението за заштита на животната средина и природата ги врши работите што се однесуваат на: заштита  на животната средина, мерки за заштита и спречување на загадувањето  на водата, воздухот и земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење, следење на законски прописи и други општи акти и меѓународните докумнети и искуства од областа на заштита на животната средина, со следење на состојбите и врз основа на мониторингот, изготвување на стратешките документи, програми, планови  и прокети, како и предлози за политики по начелни прашања од сферата на заштитата на животната средина, заштитата на природата, спроведување на мерките кои произлегуваат од заштитата на природата, следење на законски прописи и други општи акти и меѓународните докумнети и искуства од областа на заштита на природата, со следење на состојбите и врз основа на мониторингот, изготвување на стратешките документи, програми, планови и проекти, како и предлози за политики по начелни прашања од сферата на заштитата на природата, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за образование


Раководител Александар Јовановиќ
тел.076/365-170
e-mail: [email protected]

Секторот за образование ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за предучилишно и основно образование и Одделението за средно образование и ученички стандард, кои се во негов состав:


Одделенија:

Одделение за предучилишно и основно образование

Одделението за предучилишно и основно образование ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на основните училишта во општината и во соработка со другите сектори – одделенија за општинска администрација и централна власт, организирање на превоз на учениците, реонизацијата и мрежата на основното образование и други локални надлежности во основното образование, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за средно образование и ученички стандард

 Одделението за средно образование и ученички стандард ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на средното обаразование и општинските јавни

установиод областа на ученичкиот стандард во соработка со други сектори – одделенија на општинската администрацијаи централната власт, организирање на превоз на учениците, ученичкиот стандард  и  сместување  во ученичките домови, функционирањето и развојот на средното образование во оштината и мрежата на средно образование и други локални надлежности во средното средно стручното образование и ученички стандард, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита


Овластен Раководител: Александар Крстевски
тел.075/250-581

e-mail: [email protected]

Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита ја обединува , координира, контролира, и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за култура и спорт и Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, кои се во негов состав:


Одделенија:

Одделeние за култура и спорт

Одделиение за култура и спрт ги врши работите што се однесуваат на: основање, функционирање и администрирање на општинските јавни установи од областа на културата и спортот и во соработка со другите сектори – одделенија на општинската администрација и централната власт, институционална и функционална поддршка на културните и спортските установи и проекти , културните и спортските манифестации, рекреацијата и масовниот спорт, поддршка на спортските сојузи, функционална и програмска подршка во изградбата, одржувањетои намената на спортските објекти, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита

Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здраствена заштита ги врши работите што се однесуваат на: остварување на социјалната заштита и заштитата на децата и основање, функционирање и администрирање на установите од овие области-домови за стари лица, детските градинки и друг вид на установи, согласно закон, а кои се во општинската надлежност , во соработка со другите сектори и одделенија на општинската администрација и централната власт , вонинституционалните форми на социјалната и детската заштита во општинска надлежност , врши администрирање со управувањето на мрежата на јавните здравствени установи и објекти од примарната здравствена заштита и други надлежности на општината во здравствената област , врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат


Раководител: Лидија Трајковска
тел.
e-mail: [email protected]

Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност и Одделението за даночна инспекција, инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежност на Општината, кои се во негов состав.


Одделенија:

– Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална  дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност

Одделението за инспекциски надзор во урбанистичко-градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско-туристичка дејност ги врши работите што се однесуваат на: вршење инспекциски надзор и следење на примената   на законските прописи и прописите на Општината во областа на урбанистичко-градежната област, комуналната дејност, врши инспекциски надзор од областа на сообраќајот и патиштата, заштитата на животната средина и природата, угостителско-туристичката и занаетчиската дејност, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за даночна инспекција, инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежност на Општината

Одделението за даночна инспекција и инспекциски надзор во јавните дејности и друг надзор од надлежноста на Општината ги врши работите што се однесуваат на: вршење на инспекциски надзор и следење на примената на законските прописи и прописите на Општината во областа на наплатата на локалните даноци, и другите приходи на Општината, вршење инспекциски надзор во основното и средното образование и спорт, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за внатрешна ревизија


Раководител: Билјана Николовска
тел.075/271-268
e-mail: [email protected]

Секторот за внатрешна ревизија ја обединува , координира , контролира , ја следи и ја унапредува меѓусебната соработка на одделението за ревизија и регуларност на системите за внатрешна контрола и одделението за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето , кои се во негов состав .


Одделенија:

– Одделение за ревизија на регуларност  на системите за внатрешна контрола

Одделението за ревизија и регуларност на системите за внатрешна контрола ги врши работите кои се однесуваат на : вршење внатрешна ревизија на системите за внатрешна контрола и ревизија на усогласеност (регуларност) , согласно закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансиии, подготвува годишен план на Одделението по кој се врши внатрешната ревизија и по одобрување на Градоначалникот на Општината го обезбедува неговото спроведување и следење , доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на Општината , подготвува годишни извештаи за работењето на одделението , врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за намалување на факторите за ризик , врз основа на анализи од работењето ја утврдува и оценува економичноста , ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација , ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи , ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите , подзаконските акти и актите на органите на Општината , обезбедува евидентирање на ревизорски активности и ревизорски докази како и чување на документите од ревизиите најмалку 10 години , врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

– Одделение за финансиска ревизија и ревизија на успешност на работењето

Одделението за финсниска ревизија и ревизија на успешност на работењето , ги врши работите кои се однесуваат на: вршење внатрешна ревизија на успешност во работењето (извршувањето) и финансиска ревизија согласно закон и системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финании , подготвува годишен план на Одделнието по кој се врши внатрешна ревизија и по одобрување од Градоначалникот на Општината го обезбедува неговото спроведување и следење,  доставува извештаи за извршената ревизија до Градоначалникот и Советот на Општината , подготвува годишни извештаи за работата на Одделението , врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за утврдување на факторите на ризик, врз основа на анализи од работењето ја утврдува и оценува економичноста ,

ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финснсиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на опшинската администрација , ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи,  ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите , под законските акти и актите на органите на Општината, обезбедува евидентирање на ревизорски активности и ревизорски докази како и чување на документите од ревизиите најмалку 10 години, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.


Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР)


Раководител на сектор: Горан Митевски
тел.070/302-800
e-mail: [email protected]

Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање креирање политики, следење и ЛЕР ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции и Одделението за стратешко планирање креирање политики, следење и ЛЕР, кои се во негов состав.

Одделенија:

Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции

Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во соработка со Одделението за поддршка на Градоначалникот, ги врши работите што се однасуваат на: воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината Куманово со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори. Предлага годишна и среднорочна програма за соработка на општината со збратимени општини во странство. Воспоставува соработка со меѓународни организации на локалните заедници. Врши работи што се поврзани со воспоставување, одржување и развивање на соработката на општината со општини во други земји, со странски донатори, организации и со кредитори. Организира средби и состаноци со претставници на општини и организации од странство. Презема мерки и активности за зачленување на општината во меѓународни организации на локални власти. Дава мислење во врска со договори за меѓународна соработка и го следи нивното извршување. Ги реализира проектите од областа на соработка на општината со збратимени општини во странство во соработка со другите делови на општинската администрација, – поднесува предлог-проекти за поддршка од странски донатори и кредитори. Го организира учеството на општината на конкурси за финансирање на проекти од страна на странски донатори и кредитори. Учествува во подготовката и евалуацијата на целокупната документација што се поднесува до странските донатори и кредитори. Ја координира активноста на сите делови на општинската администрација околу реализацијата на проектите финансирани од странски донатори и кредитори и врши други работи што ќе му се доверат во согласност со законите и со други прописи, ги следи активностите поврзани со европските процеси. Обезбедува информации на Општина Куманово за европските политики кои се во тек на дефинирање. Предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на градската администрација согласно со европското законодавство. Учествува и организира тркалезни маси и конференции кои се однесуваат на развојот на локалното законодавство. Помага во ефективно усвојување на европските структурни фондови преку лесен достап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништво. Постојано обезбедува комуникација со институциите кои се занимаваат со европските прашања (Национален совет за евроинтеграции при Собранието на РМ, Секретаријатот за европски прашања-СЕП при Влада на РМ, Европската комисија во РМ и др.). Успешно ги користи и управува со претпристапните фондови на ЕУ со посебен осврт на инструментот за претпристапна помош-ИПА и врши  други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР)

Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) ги врши работите што се однесуваат на: дефинирање и утврдување на стратешките цели на Општина Куманово, стратешки документи (стратешки план за Општината или за поединечни сектори, акциони планови и развојни планови) следење и нивна импламентација, мониторинг, евалуација и ревидирање и усогласување на постоечките планови со регионални, национални и меѓународни стратешки документи, организација, координација со секторите во Општина Куманово и изготвување на стратешкиот план на Општина Куманово, остварување соработка со надлежните органи во процесот на изготвувањето на стратешкиот план, следење на степенот на реализација на стратешкиот план на Општина Куманово, изготвување анализи и информации за резултатите од остварувањето на стратешките приоритети, како основа за изготвувањето на стратешкиот план за наредната година, проучување и единствена примена на законите и подзаконските акти во врска со стратешкото планирање, обединување на програмите за работа на организационите облици, следење на степенот на реализација на Годишната програма за работа, организирање, насочување и координирање на работата, водење на евиденција за прописите и другите акти од надлежност на општина Куманово, вршење на организациско-технички и протоколарни работи. Ги утврдува развојните и структурните приоритети на општината Куманово, предлага мерки и активности за спроведување на локалната економска политика. Предлага и превзема мерки за поддржување на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемништвото на општината. Учествува во воспоставување и развој на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерството и за поттикнување на претприемништвото во општината. Превзема мерки и активности за поттикнување на развојот на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата на подрачјето на општината. Превезема мерки и активности за основање и користење на општински инвестиционен фонд за собирање средства за финансирање на општинските инвестициски активности. Ги координира активностите околу добивањето и насочувањето на донациите за развојни цели и врши други работи што ќе му се доверат согласно законите и другите прописи и работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.                                

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст