Авторска вечер на Драган Перовиќ
Вечерва во Занаетчиски дом се одржа авторска вечер на Драган Перовиќ, историчар на книжевноста, публицист и културолог од Никшиќ, Црна Гора. Тој е еден од основачите на “Матица Црногорска” и Црногорскиот ПЕН центар, кој активно и темелно ги истражува финесите за Црногорската дијаспора. Беше презентирана книгата “Стефан Перовиќ-Цуца”,со потсетување на херојскиот чин на пилотот Милутин Перовиќ во Куманово. На културниот настан присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината.