Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Н.Е. Анке Гизеле Холштајн на средба со градоначалникот Димитриевски

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски имаше работна средба со амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Гизеле Холштајн. На средбата се разговараше за можно збратимување со град од СР Германија, продлабочување на  соработката преку имплементирање на заеднички проекти, беа претставени можностите за инвестирање во индустриската зона Новини и Речица, како и досегашните реализирани проекти во Општината во сите општествени области. По средбата го посетија производниот капацитет  на компанијата од автомобилска индустрија “DRÄXLMAIER group” во индустриската зона, кој нуди можност за професионален развој на вработените, вложување во техничкото знаење преку посета на фабриките на други локации и меѓународна размена на искуства.


Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст