Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ансамблот на народни ромски игри и песни го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни Рушит Шакир-Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово денеска се одбележа 8 АприлМеѓународен ден на Ромите. Овој ден сеодбележува во чест на првиот Светски конгрес наРомите и претставува еден од најважните датуми воисторијата на овој народ. Заложбите на Општина Куманово се насочени кон целосна социјалнаинтеграција на ромската заедница, со цел да се оствари визијата на ромскиот народ за еднакви чинители во социјалниот живот во рамките на општеството, интегрирање во општествените текови и подигање на нивниот менталитет, согласно со останатите етнички заедници. На настанот беше промовиран краток документарен филм за монографијата Еден човек за еден народ. Од името на Општина Куманово со пригодна реч се обрати секретарот на Општината Александар Гелевски.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст