Бадникова литургија во Соборниот храм “Св.Никола
По повод денешниот празник Бадник во Соборниот храм “Св.Никола” во Куманово се одржа пригодна Бадникова литургија. На празничната литургија присуствуваа претседателката и членови на Совет на Општина Куманово. Од името на Општината, а во чест на овој православен ден, присутните дечиња во Соборниот храм добија пригодни пакетчиња.