Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Безбедна иднина на младите со “Заедно за граѓаните”

По повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, денеска на градскиот плоштад по седми пат се одржа и традиционалниот настан „Заедно за граѓаните“. Настанот е организиран од страна на Општина Куманово со Советот за превенција на детско престапништво, Сектор за внатрешни работи Куманово, Територијална противпожарна единица, Здравствен дом – служба за итна медицинска помош, општинска организација на Црвен крст, учениците од основни и средни училишта во Куманово и училишните сообраќајни единици. Оваа година настанот е посветен на грижата за безбедност на децата во сите сфери на општествениот живот. Беа презентирани сервисни информации и услуги, кои граѓаните ги добиваат од институциите, со цел градење на доверба, соработка  и  подобра комуникација. Во знак на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и намалувањето на последиците од сообраќајни незгоди, беше демонстрирана и показна вежба. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Совет на Општината Атина Мургашанска.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст