Благодарници за учесниците на настанот по повод 9 Мај
Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска денеска во просториите на Општината додели благодарници на учесниците на настанот, кој се одржа по повод 9 Мај, Ден на победа над фашизмот и Ден на Европа. На овој традиционален настан учество зедоа десет општински основни и четири средни училишта, чии претставници ги подигнаа благодарниците, како и ТСК„Динамик“-Куманово, Центар за интеркултурен дијалог ЦИД- Куманово, Дамјан Златановски, млад европски амбасадор, YEA мрежа на млади за Западен Балкан.