Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарност до општина Куманово-покровители на “Тумба фест”

Организацискиот тим на “Етно ризница” денеска му врачија
благодарница на Градоначалникот на општина Куманово
Димитриевски, како благодарност за поддршката на општина
Куманово за успешно оддржување на 8-то издание на “Тумба фест”.
Димитриевски го искажа личното задоволство и благодарност до
тимот за целата организација, потенцираше дека општината ќе
продолжи да ги поддржува културните настани, негувајќи ја богатата
традиција и култура. Оваа година на фестивалот беа испеани дваесет
и две нови композиции, повеќето на кумановски дијалект.

Врати се на врвот
Големина на фонт