Благодарност од “Инклузива” до градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Совет на Општината Ѓорѓиевска денеска се сретнаа со претставници на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество„Инклузива“–Куманово. Ова Здружение за првпат доби финансиски средства од буџетот на Општина Куманово преку Јавниот повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на Здруженија и други правни лица, кои спроведуваат активности насочени кон лица со попреченост на територија на Општина Куманово, кој го спроведе Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општината. Од страна на “Инклузива” на градоначалникот и претседателката на Совет на Општината им беше доделена плакета за особен придонес, поддршка и соработка за реализација на програмски активности за надминување на предизвиците на децата/лицата со попреченост и нивните семејства во Општина Куманово.