Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Возобновена Гитаријада

Вечерва во Занаетчискиот дом се одржа “Гитаријада 2019”, во организација на “Арт Атак”, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, како прво возобновено издание на оваа значајна музичка манифестација, трајно врежана во меморијата на нашиот град, како една од ретките можности на кои младите бендови имаат можност да ја презентираат својата музика.
Овој музички настан го отворија кумановските рок ветерани, кои специјално за оваа прилика ги возобновија своите бендови: “Лектира”, “Ека Ника”, “Илинден”, “Берлински зид”, “Тумба”.
Настапија бендовите: „Wardencliffe“- Куманово, „Misantrope“-Битола, „Cursed Heart“ – Куманово, „Inner Hate“ и „Halfgod“ од Кичево, „Zima Blue“ -Велес, „Fiction“ и „Ruststained“ од Скопје и „Rubin“ – Куманово.
Како специјални гости настапија: “Majdan” и “There” од Р.Србија, “Parampascad and Bubnjivi” од Црна Гора ,како и “The three of us” од Р.С.Македонија.
Делегација од Општина Куманово, предводена од Градоначалникот, присуствуваа на музичкиот настан, со кој завршуваат предвидените културни настани по повод одбележувањето на Јубилејот 500 години од постоењето на Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт