Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во вторник и среда – прскање против крлежи

На 20 и 21 август (вторник и среда) на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.

Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст