Во петок почнува да работи Отворениот градски базен

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во петок (15.06.2018) ќе започне со работа Отворениот градски базен во Куманово.  Влезот на оваа убаво место за релаксација и разладување, за децата до седум години во присуство на нивните родители е бесплатен. За децата до 12 години ќе чини 75 денари, додека за повозрасните граѓани дневниот билет ќе се продава по цена од 150 денари. Базенот ќе работи од 10:00 до 18:00 часот, а за безбедноста на капачите ќе се грижат спасувачи. Доколку дозволат временските услови базенот ќе биде отворен до први септември. Инаку самиот базен има површина од 550 метри квадратни каде се поставени и 200 лежалки.

Врати се на врвот
Големина на фонт