Врачени Договорите за финансиска поддршка за вршење на социјални работи на здруженијата избрани по завршениот Јавен повик
На денешната средба во Општина Куманово, градоначалникот Димитриевски им ги врачи Договорите на претставниците од петте здруженија, кои беа избрани со одлука на Советот на Општината по спроведениот Јавен повик за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на Општина Куманово, за кој беа обезбедени финансиски средства од Буџетот на општината во висина од 3 000 000 денари.
Граѓаните од нашата општина имаат можност бесплатно да ги користат социјалните услуги од следните субјекти:
– “Грижа на стари лица во домашни услови” спроведувани од Општинската организација на Црвен крст – Куманово,
– “Центар на заедницата за поддршка на децата на улица” спроведувани од Центар за ромска заедница “ДРОМ” – Куманово,
– Советувалиште за жртви на родовобазирано и семејно насилство – “Конфор зона” спроведувани од Хуманитарното здружение – Мајка,
– Центар за индивидуални дневни услуги за деца со попреченост во Општина Куманово, спроведувани од страна на Здружението за промоција на инклузивно општество “Инклузива” – Куманово,
– Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка попреченост над 18 годишна возраст, спроведувани од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша” – Куманово.