Врвни репрезенти на српската драмска уметност во Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски и претседателката на Советот Ѓорѓиевска денеска се сретнаа со познатиот новинар и публицист Вања Булиќ и актерската екипа на претставата “Јаче смо од судбине”, којаbќе се одржи вечерва во МКЦ, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Претставата е во режија на Алек Родиќ, на текст на Вања Булиќ. Димитриевски изрази задоволство по повод доаѓањето на врвните репрезенти на српската драмска уметност во Куманово.