Градоначалникот ги награди пожарникарите од ТППЕ Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово се сретна со пожарникарите од ТППЕ Куманово, кои се вратија од деветдневната спасувачка мисија во Турција.
На Игор Кузмановиќ, Стефан Крстевски, Александар Денковски, Владица Младеновски и Душан Цаневски во знак на благодарност, посебен придонес, истакната професионалност, солидарност и хуманост при давање помош, во рамките на масовната акција за спасување на повредените во катастрофалниот земјотрес во Турција им беа доделени пофалници и парична награда во висина на износ на платата, која ја примиле последниот месец.
Димитриевски нагласи дека тимот на пожарникари достојно ја претстави нашата Општина, помагајќи на пријателскиот народ кога е најпотребно.