Градоначалникот Димитриевски ги посети просториите на СЕЕБРИГ
Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски беше во касарната “Боро Менков”, која се наоѓа во најстарата зграда во Куманово, со цел посета на просториите на СЕЕБРИГ. Димитриевски беше пречекан од страна на најстарите национални претставници на државите – членки на СЕЕБРИГ. Заедно со командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос во брифинг салата проследија презентација за историјата, мисијата, реализираните и идни предвидени активности на СЕЕБРИГ. Во рамките на кратката обиколка на работните простории, беа воочени и условите, во кои беспрекорно функционира бригадата на Југоисточна Европа. Градоначалникот Димитриевски со задоволство се потпиша во Книгата на впечатоци на СЕЕБРИГ.