Градоначалникот Димитриевски учесник на панел дискусијата „Креатори на политики и правна трансформација на ЕУ во кружни, зелени и климатски отпорни општества и паметни градови“
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска зеде учество на панел дискусијата „Креатори на политики и правна трансформација на ЕУ во кружни, зелени и климатски отпорни општества и паметни градови“, во рамки на интернационалниот настан ZeroWaste „Климатски промени, циркуларни и зелени технологии за иднината“, кој се одржува овие два дена во Скопје и Струга. Се водеше дискусија за тековни проекти, но и за четирите проекти, за кои треба да се аплицира до 7 септември. На настанот Општина Куманово е поканета како рамноправен партнер во овие проекти, како и подобрување на регионалната соработка помеѓу Општините, приватниот и академскиот сектор за директните програми на Европската комисија и следни апликации во 2022г. и 2023 година.