Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дезинсекција против крлежи и ларви на комарци

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 28 и 29 април (вторник и среда) на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.
Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.
Исто така во овие денови (28.04.2020 и 29.04.2020) на територијата на Општина
Куманово ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција, која има за цел
уништување на ларвите на комарците. Ова е втор третман за оваа
година, кој ќе се врши на стоечки води (бари покрај реки, непроточни
потоци) во општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт