Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Деинституционализација на Општини

Денеска Секретарот на Општина Куманово Десанка Стошевска присуствуваше во Заводот Демир Капија на средба  со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, градоначалници и претставници на општини во кои постои можност за вклучување во првата фаза на деинституционализацијата. Целта е општините да се подготват за спроведување на деинституционализацијата, која подразбира создавање на социјални, здравствени, образовни и други услуги во самите локални заедници. Пред претставниците на општините беше презентирана нацрт Стратегијата за деинституционализација, во која се дефинирани стратешките столбови на реформата: трансформација и затворање на институциите, преселба на корисниците во мали групни домови во општините, развој на услуги во општините и заедниците и спречување на идна институционализација. Овој настан беше организиран преку проектот за Техничка помош за поддршка на процесот на деинституцијализација во социјалниот сектор, финансиран од Европската унија. Дебатите за реформата ќе продолжат во наредниот период со одржување на серија регионални средби.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст