Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Демант на градоначалникот на Општина Куманово во врска со изнесените информации на партијата Левица

Од името на Општина Куманово целосно ги отфрлувам изнесените
информации и податоци, објавени во јавноста од страна на партијата
Левица. Одговорно потврдувам дека се работи за неосновани и
невистинити податоци во врска со користење на мобилни претплатнички
линии. Најпрвин, од страна на Општина Куманово уредно и во
предвидениот законски рок беа доставени побараните податоци од
партијата Левица, која имаше испратено Барање за пристап до
информации од јавен карактер во врска со оваа проблематика.

Договорот за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги важи за
повеќе субјекти од општинска администрација, членови на Совет на
Општина Куманово (вклучувајќи го и советникот од партијата Левица, кој
користи и претплатничка линија и апарат), 17 општински основни, 5
средни училишта, 6 општински јавни претпријатија, 4 општински установи,
територијална противпожарна единица (вкупно 35 субјекти), без “Киро
Бурназ”, кое веќе функционира како Регионален центар за стручно
образование и обука, а за кое наведуваат дека има најмногу
претплатнички линии. Наведените линии се користат за функционирање
на Општинскиот кризен штаб, за пријавување на дефекти на улично
осветлување, како и за дефекти во јавните претпријатија, за обезбедување
помош на социјално ранливи категории на граѓани, за користење на
бесплатен интернет на јавно-прометни површини во Куманово.
Споменатиот Договор за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги
е со важност од 2 години и тоа од септември 2020 год. до септември 2022
година, што значи дека износот од 9.440.000 денари се однесува за
период од 2 години. Тој е рамковен и не значи дека наведениот износ
треба целосно да се искористи, дотолку што и можноста за зголемувањето
на претплатнички линии за 20% не е искористена. По завршување на рокот
од 2 години, Договорот престанува да важи и без да биде искористена
целата рамковна сума, по што се спроведува нова постапка за јавна
набавка.

Вкупната вредност е наменета за 2-годишни месечни претплати, а во
случај на надминување на користење на реализираниот сообраќај и
дополнителни услуги кои не се вклучени во месечната претплата, се
одбиваат од личните сметки на корисниците, согласно Правилникот за
користење на службени мобилни телефони со службени телефонски
претплатнички линии и се уплаќаат на сметка на буџет на Општина
Куманово.

Составен дел на Договорот е и обврската на операторот да обезбеди
субвенции за Општината за користење на секоја поединечна телефонска
линија, со која Општина Куманово ги има искористено и има обезбедено
информатичка опрема-лап топ компјутери, за потребите на општинските
основни училишта, со цел да се обезбеди непречено одвивање на on line
настава. Направена е групна набавка се со цел да се добијат цени, кои се
поповолни за да се заштитат интересите на граѓаните за да се одвојат
помалку средства од буџетот на Општина Куманово за исплата на средства
за телефони, со што е добиена најниска цена за поединечна претплата од
330 денари месечно.

Согласно погореизнесеното, целосно ги отфрлам обвинувањата на
партијата Левица за постоење на било каква злоупотреба на парите на
граѓаните од буџетот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст