Ден на градот Чепеларе-зеленото срце на Р Бугарија
По повод Денот на градот Чепеларе-зеленото срце на Република Бугарија, во посета на оваа Општина престојува претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. Покрај присуство на свеченото одбележување на збратимениот град Чепеларе, беше остварена и средба со градоначалникот и претставници на општинската администрација на овој град, на која беа споделени искуствени активности, како и идни планови на двете страни во повеќе општествени сфери.