Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација на територијата на општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 22.04.2020(среда),23.04.2020(четврток) и 24.04.2020година (петок), ќе се врши дератизација (третирање против глувци) на територија на ОпштинаКуманово. Третманот ќе се изврши со постваување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа , а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на атикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци , а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт