Димитриевски на средба со ветерани на ФК Куманово
Денеска градоначалникот на Општина Куманово оствари средба со поранешни фудбалери на Куманово, во врска со претстојниот ревијален фудбалски натпревар помеѓу ветерани на ФК Куманово и Градска пивница. Повод за одржување на овој натпревар е започнување на активности на ветераните на овој спортски клуб, во насока на возобновување на фудбалот во Куманово. Натпреварот ќе се одржи на 22.10.2022 година (сабота), во 13.00 часот на спортското игралиште во Соколана.