Димитриевски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ
Денеска во прва официјална посета на Општина Куманово беше амбасадорката на Кралството Шведска во РСМ, Н.Е. Ami Larsson Jain, во придружба на Првиот секретар заменик шеф на мисијата Bibi Gramson. Согласно со приоритетите на двете страни, на средбата со градоначалникот на општина Куманово Димитриевски беа потврдени добрите односи, кои се карактеризираат со пријателска соработка и се значајни за остварување на стратешките цели. Партнерските односи ќе се спроведат преку реални проекти во областите од взаемен интерес, со цел просперитет и подобар животен стандард на граѓаните.