Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Детската фондација “Песталоци”

Општина Куманово во партнерство со Детската фондација “Песталоци” -Троген-Швајцарија, подружница во РСМ ќе реализираат активности за спроведување на Националниот стратешки план за образование во државата 2021-2023, со цел развој на инклузивен интегриран образовен систем. Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директори на општински основни училишта “11 Октомври” и “Христијан Карпош”, потпишаа Меморандум за соработка со Детската фондација, за да се  воспостави и зајакне соработката помеѓу двете страни за спроведување на проектот„Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем”. Проектот предвидува обуки за раководниот кадар, наставниците и стручниот  персонал во училиштата, како и за претставници на општините, наменети за деца, кои не се вклучени во наставата.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст