Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневен ред за 21-ва седница на Совет на Општина Куманово

На 14 март 2023 година (вторник) со почеток во 10 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, ќе се одржи дваесет и првата седница на Советот на Општина Куманово со следниот

Дневен ред

  1. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2022 година;
  2. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2022 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  3. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2022 – 31.12.2022 година;
  4. Извештај за работа со Годишна сметка на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2022 година;
  5. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2022 година;
  6. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2022 година;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 3 (тројца) работници во ЈП „Куманово – гас“ – Куманово во 2023 година преку приватна агенција за вработување;
  8. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
  9. Годишен извештај на Општина Куманово за 2022 година;
  10. Предлог – Програма за утврдување на локации и поставување на урбана опрема на автобуски постојки на подрачјето на Општина Куманово;
  11. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;
  12. Предлог – Одлука за определување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово;
  13. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства наменети за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година;
  14. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово.

 

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст