Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневен ред на педесет и трета седница на Советот на Општина Куманово

На 10 март 2021 година (среда), во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи 53 седница на Советот на општина Куманово

              Дневен ред

  • Усвојување на записникот од Педесет и втората седница на Советот на Општина Куманово
  1. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2020 година;
  2. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2020 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  3. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
  4. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2020 година;
  5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
  6. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2020 година;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за измена и дополнување на Ценовникот за висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово на територија на Општина Куманово;
  8. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот за висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово на територија на Општина Куманово;
  9. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
  10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.12.2020 година;
  11. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.12.2020 година;
  12. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;
  13. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;
  14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Водовод“ – Куманово за утврдување на цена на услуга за замена на делови за куќни водомери со далечинско отчитување и ултразвучни водомери комплет со внатрешно интегриран радио модул;
  15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за цени на услуги што ги дава Одделение за ГИС,  урбанизам  и  проектирање при  ЈП ,,Водовод” – Куманово;
  16. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  17. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
  18. Извештај за реализација на Годишна програма за работа и финансиски извештај на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2020 година;
  19. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2020 година;
  20. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2020 година;
  21. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2020 година;
  22. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
  23. Годишен извештај на Општина Куманово за 2020 година;
  24. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
  25. Информација за остварени приходи по основ на даноци и такси за 2019 и 2020 година;
  26. Извештај за реализација на Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2020 година;
  27. Информација за реализирани активности од областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита за 2020 година;
  28. Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2020 година;
  29. Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2021 година;
  30. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст