Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневен ред на петнаесетта седница на Совет на Општина Куманов

На 29 ноември 2022 година (вторник) со почеток во 10:00 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации ќе се одржи петнаесетта седница на Совет на Општина Куманово со следниот

Дневен ред

  1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  2. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2022 година;
  3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2022 – 30.09.2022 година;
  4. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  5. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2022 година;
  6. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2022 година;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
  8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2022 – 30.09.2022 година;
  9. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2022 – 30.09.2022 година;
  10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2022 – 30.09.2022 година;
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополна на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
  12. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2022 година;
  13. Предлог – Одлука за намера за реализација на проект со заем од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;
  14. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за јавно осветлување и паркинг простори ,,Куманово-Паркинг’’ – Куманово;
  15. Извештај од спроведена функционална анализа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  16. Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
  17. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  18. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движнa ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  19. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
  20. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  21. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
  22. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово;
  23. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
  24. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово;
  25. Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;
  26. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
  27. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во ООУ „Вера Которка“ – с. Клечовце.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст