Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дневниот центар за лица со посебни потреби– Куманово доби специјално комби возило

 Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово, каде додели специјално комби возило за потребите на Центарот. Оваа активност се спроведува согласнопроектот “Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт” на Североисточен плански регион со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада во РСМ и Министерство за локална самоуправа на Македонија.Во рамките на проектот набавени се три специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со посебни потреби за Куманово, Кратово и Крива Паланка.Градоначалникот Димитриевски потенцираше дека целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион.Димитриевски образложи дека овој проект мора да овозможи услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на граѓани, кои подлежат на социјален ризик во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст