Доделени прехранбени пакети на социјално загрозени семејства
На 17 октомври се одбележува и Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата. Во рамките на одбележувањето на овој ден, со поддршка на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и членовите на неговиот кабинет, со одобрение и поддршка од Општина Куманово, во соработка со членовите на Коалицијата за борба против гладта и фрлање храна-“Банка за храна МК”, Националниот ромски центар-Куманово, “Пако Мак”-Скопје, неколку приватни фирми од нашиот град, во Куманово беа доделени 100 прехранбени пакети на социјално загрозени семејства од сите етнички заедници.
На настанот, кој се одржа во просториите на Комитет-Куманово, присуствуваше Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска, која покрај членовите на Коалицијата за борба против гладта и Националниот ромски центар, им се обрати на присутните и заедно ги доделија пакетите.