Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Достапност на нацрт ЛЕАП за Општина Куманово и покана за јавна расправа

Почитувани,

Ве известуваме дека во период 2020 – 2021 година интензивно се работеше на подготовка на Локален Акционен план за животна средина (ЛЕАП) за Општина Куманово.

Заедно со претставници од Општина Куманово и заинтересирани страни беше извршена идентификација на состојбите со медиумите во животната средина преку собирање на квалитетни податоци и анкета на граѓаните на Општина Куманово што резултираше со подготовка на нацрт текст на ЛЕАП за Општина Куманово. За развивање на ЛЕАП документот беше користена меѓународно признаена методологија DPSIR која овозможи да се даде осврт на медиумите на животната средина, да се идентификуваат клучни предизвици за секој од медиумите и да се развие Акционен план со соодветни мерки за секој од предизвиците.

Локалниот Акционен план за животна средина ќе помогне во изнаоѓањето на механизми за интегрирање на заштитата на животната средина во локалниот економски и социјален развој на општината со  обезбедени услови за здрав и квалитетен живот на сегашните и идни генерации.

За подготвениот документ ЛЕАП Општина Куманово  (Линк од докуметот) организира на јавна расправа, на ден 23.02.2022 (среда) во 11 часот, во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации Комитет, Општина Куманово која ќе се одржи по утврден дневен ред.

Подготвениот ЛЕАП за Општина Куманово ќе биде ставен на увид на web страната на Општина Куманово. Ве молиме за Ваши коментари, забелешки по нацрт верзијата на текстот на ЛЕАП документот да ги доставите до одржување на јавната расправа.

Истите може написмено да ги доставите до: консултантски тим на “ЕкоМозаик” ДООЕЛ Скопје , е-маил   info@ekomozaik.com, во прилог на поканата, Ви го доставуваме и дневниот ред за јавната расправа.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст