Државно првенство во гимнастика
Денеска во спортската сала на ООУ “Христијан Карпош”- Куманово се одржа државно првенство во гимнастика. Оваа масовна спортска манифестација е во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, преку Општински сојуз на училишен спорт. Учество зедоа ученици од 17 училишта од 7 градови во РСМ, од кои 8 училишта беа од Куманово. Дел од државното првенство беа околу 150 учесници, во 4 категории: I-III, IV-V, VI-VII, VIII-IX одделение. Во натпреварувачки дух беа презентирани вештините на учениците во спортската дисциплина гимнастика. Првенството го отвори претседателката на Совет на општина Куманово.