Завршен настан на Детска ликовна колонија Пчиња 2022
Согласно одржаната Детска ликовна колонија Пчиња 2022, организирана од Хуманитарно здружение “Мајка” и Здружение на жени “Коло на српските сестри” во соработка со подрачното училиште на ООУ “Браќа Миладиновци”во с.Пчиња, финансиски поддржана од Општина Куманово, денеска се одржа завршен настан. На настанот беа поделени награди на учесниците во Ликовната колонија и благодарници за учество на ревијалниот фудбалски турнир, кој се одржа по повод патрониот празник на училиштето. Присутните имаа можност да ги погледнат создадените дела, а беше организиран и продажен базар на традиционални јадења, од чии средства ќе бидат обезбедени нагледни средства за училиштето. На завршниот настан присуствуваа раководители на Сектор за образование и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.